По повод, Неделата за грижа на старите лица, учениците од 6 одделение, од О.У Др.Трифун Пановски од Битола, на 21 ноември 2025 година, ги посетија старите лица сместени во домот Сју Рајдер- Битола.

По повод денешниот ден Денот на старите лица во нашата Установа имавме посета од страна на членови на Црвениот крст Битола каде се реализираше работилница и играње друштвени игри, додека втората посета беше од учениците од СОУ ,,Јосип Броз Тито" кои со музички изведби го развеселија овој ден.

Во соработка со Националната установа Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски" - Битола и благодарение на нив обновена е домската библиотека со над 200 литературни дела кои ќе бидат на располагање на корисниците кои се љубители на пишаниот збор.

По повод 29 Септември Светскиот ден на срцето во нашата Установа се одржа едукативно предавање на тема: Заштита од кардиоваскуларни заболувања. Благодарност до д-р Христина Ангелевска која го реализира предавањето.