По повод, Неделата за грижа на старите лица, учениците од 6 одделение, од О.У Др.Трифун Пановски од Битола, на 21 ноември 2025 година, ги посетија старите лица сместени во домот Сју Рајдер- Битола.

Децата ги предводеа педагогот Мери Атанасова и наставникот Драги Анастасовски.

Децата се потрудија со пригодна свечана програма, со македонски ора и песни, да ги разиграат срцата и душите на овие нивни баби и дедовци и заедно да се радуваат на животот, кој има смисла само кога се трудиме да го разубавиме животот на другите.

nedela griza 01 nedela griza 02