На ден 29.11.2019 година во посета на нашиот дом ни беа членовите на Академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО Битола, им благодариме за прекрасната дружба.

На ден 21.11.2019 во посета ни беа младите сили на ЛК СДММ Битола. Им благодариме за вниманието кое ни го посветија по повод „Недела за грижа на старите лица“.

На ден 26.11.2019 година во посета на нашиот дом беа волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Битола. Мала дружба и закуска по повод, Недела на старите лица.

По повод Недела на старите лица пригодна приредба одржаа најмилите дечиња од градинката Естреја Овадија Мара со нивните наставнички и директорката. Им благодариме од срце.