На ден 21.11.2019 во нашиот дом проф.Драги Анастасовски оддржа мало слово на тема „Радоста на животот“ и соло изведба на стари изворни македонски песни на Теодора Мицевска ученичка во осмо одделение во ОУ Трифун Пановски Битола.
Повеќе: Проф. Драги Анастасовски оддржа слово на тема „Радоста на животот“
Во организација на Софам на 03.11.2019 година се реализираа традиционалните фолклорни смотри за Западниот регион, овој пат во Битола, во големата сала на Центарот за култура. Во склоп на нашата програма заедно со нашите штитеници имаја прилика да уживаат во целовечерниот концерт.
На ден 15.11.2019 година во нашиот дом во соработка со Центарот за јавно здравје Битола за нашите штитеници направија кратко предавање на тема „Шекерната болест тивок убиец“. Благодарност за соработката со Ц.Ј.З.Битола.
На ден 22.10.2019 година, во склоп на нашата годишна програма со нашите штитеници е направена посета на градот Струга и манастирот во с. Калишта.