Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 143/19 и 14/20) член 211 и 212 од Законот за

Социјална заштита ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23), член 22 и 23 од Законот за работни односи ( Службен весник бр.167/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21), член 8 од Колективниот договор за социјална заштита ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.249/19), во согласност со Правилникот за систематизација на работни места бр. 01-152 од 20.08.2019 година и Одлуката за распишување на јавен оглас за вработување бр.02-165/1 од 06.07.2023, ЈОУ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 3/2023

За вработување на 5 (пет) извршители на определено работно време, за работно место:

1. Главна медицинска сестра- Б1 прво ниво 1 (еден) извршител, шифра С0З0303Б01011
2. Геронто-домаќин-Б3 трето ниво 2 (два) извршители, шифра С0З0303Б03004
3. Медицинска сестра- Б2 второ ниво 1 (еден) извршител, шифра С0З0303Б02010
4. Административен техничар- Г1 ниво 1 (еден) извршител шифра С0З0102Г01009


Кандидатите за сите извршители по огласот треба да ги исполнуваат следните општи услови :

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите за сите извршители по огласот за докажување на општите услови потребно е да достават:

  • Уверение за државјанство на РСМ не постаро од 6 (шест ) месеци;
  • Лекарско уверение не постаро од 6 (шест ) месеци;
  • Уверение/Диплома за завршен степен на образование
  • Уверение дека нема забрана за вршење на професија, дејност и должност не постаро од 6 (шест ) месеци.
  • Документите може да се во оригинална форма или копија заверена на нотар

1. Главна медицинска сестра- Б1 прво ниво 1 (еден) извршител, шифра на дејност С0З0303Б01011 во Оддел за социјална работа, сместување, нега, исхрана и здравствена заштита на корисниците, на определено работно време (замена на отсутен работник до негово враќање на работно место, но најдоцна до 31.12.2023 година), со нето плата од 24.170,00 (дваесет и четири илјади сто и седумдесет) денари месечно.

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник-петок, прва смена
  • Работни часови во неделата - 40 часа;
  • Почеток и крај на работно време 07:00-15:00 часот

Работни задачи:

  • Врши приеми и сместување на новодојдените корисници;
  • Присуствува на визита;
  • Обезбедува здравствена нега на корисниците;
  • Води здравствена евиденција и документација пропишана со закон;
  • Врши контрола за здравствената и хигиенска состојба на корисниците;
  • Води книговодство за лековите и другите медицински материјали;
  • Ја организира работата на одделот;
  • Планира и поднесува редовни извештаи за својата работа и е одговорна/ен за квалитетно и навремено извршување на работите во службата, согласно законските прописи и одредби.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на установата за 2023 година се: Македонец/ка- 1 (еден/а)

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

- за ниво Б1 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршено високо образование (медицински науки)

2. Геронто-домаќин-Б3 трето ниво 2 (два) извршители, шифра на дејност С0З0303Б03004 во Оддел за социјална работа, сместување, нега, исхрана и здравствена заштита на корисниците, на определено работно време (замена на отсутен работник до негово враќање на работно место, но најдоцна до 31.12.2023 година), со нето плата од 20.175,00 (дваесет илјади сто седумдесет и пет) денари месечно

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник-недела, по претходен распоред;
  • Работни часови во неделата - 40 часа;
  • Почеток и крај на работно време 07:00-15:00 часот и 13:00-21:00 часот;

Работни задачи:

  • Помош, грижа, нега и одржување на комплетна хигиена на стари лица;
  • Одржување хигиена на опрема, постелнина и облека на стари лица;
  • Квалитетно и навремено извршување на работните обврски во установата, согласно законските прописи и одредби.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на установата за 2023 година се: Македонец/ка- 2 (два)

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

- за ниво Б3 најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование.

3. Медицинска сестра - Б2 второ ниво 1 (еден) извршител, шифра на дејност С0З0303Б02010 во Оддел за социјална работа, сместување, нега, исхрана и здравствена заштита на корисниците, на определено работно време (замена на отсутен работник до негово враќање на работно место, но најдоцна до 31.12.2023 година), со нето плата од 20.175,00 (дваесет илјади сто седумдесет и пет) денари месечно.

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник- недела, по претходен распоред;
  • Работни часови во неделата до 40 часа;
  • Почеток и крај на работно време 07:00-19:00 часот и 19:00-07:00 часот;

Работни задачи:

  • Нега, исхрана и здравствена состојба на корисници;
  • Организира и спроведува дезинфекција на просториите и се грижи за нивото на хигиена во собите;
  • Дава извештај до лекарот и главната сестра за здравствената и општата состојба на болните;
  • Континуирано аплицира препишана медикаментозна терапија на корисници, прави инхалации и преврски;
  • Ги придружува корисниците кои се упатени на специјалистички преглед, матичен лекар, болници, други здравствени установи;
  • Ја планира својата работа и поднесува редовни извештаи за работата и одговорен е за квалитетно и навремено извршување на работите во одделот согласно законските прописи и одредби.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на установата за 2023 година се: Македонец/ка- 1 (еден/а)

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

- за ниво Б2 стекнати најмалку 60/120 кредити според ЕКТС или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или завршено средно/више образование
(медицински науки)

4. Административен техничар- Г1 ниво 1 (еден) извршител шифра на дејност С0З0102Г01009 во Оддел за административни, помошно – технички работи и управување со човечки ресурси, на определено работно време (замена на отсутен работник до негово враќање на работно место, но најдоцна до 31.12.2023 година), со нето плата од 21.021,00 (дваесет и една илјада дваесет и еден ) денари месечно.

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник- петок; прва смена
  • Работни часови во неделата до 40 часа;
  • Почеток и крај на работно време 07:30-15:30 часот;

Работни задачи:

  • Спроведување на помошно-стручни административни, логистички и технички работи за управување со документирана граѓа. 

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на установата за 2023 година се: Македонец/ка- 1 (еден/а)

Кандидатите по огласот треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

- За нивото Г1 ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО, или најмалку вишо или средно образование (економски науки);
- Со или без работно искуство
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Потребни општи работни компетенции на основно ниво:

-учење и развој;
-комуникација;
-остварување резултати;
-работење со други/тимска работа;
-ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување.

Заинтересираните кандидати треба да достават пријава, која можат да ја подигнат лично во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола или да ја преземат од веб страната на
на установата https://www.domsjurajderbitola.mk/ . Во прилог на пријавата да се достават потребните документи за исполнување на условите (не постари од 6 месеци) во оргинална форма или копија заверена на нотар и тоа: Пријавата со потребната документација да ја достават до Архивата на ЈОУ ,,Сју Рајдер“ Битола, ул.Илинденска бр.156 Битола, во затворен плик со назнака „за Јавен оглас бр.3/2023“

Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден на последната објава во дневните весници. Кандидатите, кои ќе ја поминат административната селекција, во врска со исправноста и комплетноста на потребната документација, ќе бидат интервјуирани и рангирани од страна на Комисијата за административна селекција и интервју за вработување и истите ќе бидат известени за изборот во рок од 8 дена од донесување на одлуката за избор или неизбор. 

Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување.

Линк за превземање: ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ