На ден 23.11.2018 Неделата за грижа на старите лица ја заокружуваме со донација на литература од НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола. Им благодариме од срце на сите кои не подржуваат.

На ден 21.11.2018 во нашата установа по повод Денот на грижа на старите лица не посетија волонтерите на ОО Црвен Крст Битола, каде имаа прилика да се дружат со нашите штитеници и ги запознат со нивните активности.

По повод Неделата за грижа на старите лица на ден 22.11.2018 година нашата установа ја посетија учениците од ОУ. „Св.Кирил и Методиј“ и учениците од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“ - Битола каде за нашите штитеници одиграа неколку кратки театарски точки.

Во повод обележувањето на Неделата на грижа на старите лица на ден 20.11.2018 со дел од нашите штитеници е посетена Националната установа „Музеј на Албанската азбука“.