На ден 02.10.2018 година по повод 1-ви Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, нашите штитеници беа посетени од учениците на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде приредија пригодна програма и мала закуска за нашите штитеници.

Во склоп на годишната програма на Домот за стари лица Сју Рајдер Битола, направивме еднодневна посета на Манастирот Св. Јован Претеча во село Слепче, каде што нашите штитеници имаа прилика да уживаат во мирот и спокојство на манастирот.

По повод 1-ви Октомври меѓународен ден на старите лица во посета ни беше Градоначалничката Наташа Петровска,Претседателот на советот В.Груевски и советниците на град Битола.Пригодна програма приредија А.Ф.Плетенка за нашите штитеници.

На ден 29.08.2018 со лицата сместени во нашиот дом ја посетивме Зоолошката Градина во Битолa каде нашите штитеници уживаа во попладневната прошетка низ Зоолошката градина.