Успешно е реализирана имунизацијата во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, каде 100 наши штитеници вчера ја примија вакцината „Синофарм“. 

100 штитеници во согласност со нивните семејства потпишале согласност за вакцинирање, па утрово стручен тим од Здравствениот дом во Битола ја споведе имунизацијата во самиот старски дом, по строго одредни протоколи.

 

Штитениците засега одлично се чувствуваат и се задоволни од целокупниот процес, зошто и самите сметаат дека само имунизацијата е вистинскиот чекор кон справување со опасниот вирус и пандемијата. Оние штитеници кои одбија вакцинација беше по нивна волја. Во нашиот дом успешно се справуваме со вирусот, иако на почеток имавме изолирани случаи. Вложуваме големи напори да се зачува здравјето на нашите штитеници, и секако нашите вработени кои се вакцинираа во текот на изминатиот месец.