Хуманитрна помош за штитениците во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ достави невладиното еколошко здружение „Еко жена“ од Битола. Членките на оваа организација, од средствата издвоен од членарината, во Старскиот дом донираа...

пижами, хигиенски средства, прехранбени продукти, домашно подготвени колачи, сокови, а една од членките им подари 30 пара рачно плетени калчуни, на што штитеницте посебно се израдуваа, велат од „Еко жена“.

-Старите лица кои престјуваат во домот имаат одлични услови, обејктот е комплетно реновиран, воодушевени беа од нашата донација и посетата. Поразговаравме, а тие ни рекоа дека дружењето многу им годи, велат од невладината организација „Еко жена“ од Битола.

Повеќе за донацијата можете да прочитате на следниот линк од каде и што е превземена веста: Донација од „Еко жена“ за штитенците во Старски дом